Хабиб Нурмагомедов викендов ги потресе социјалните мрежи кога најави враќање во кафезот.
Дагестанецот објави кратко видео во кое вели дека повторно ќе се бори, но за жал не се работи за неговиот ММА меч во реалниот живот, туку во Мета универзумот. Таму во виртуелниот свет ќе ги спротивстави своето старо и ново јас.
„Орелот“ останува на зборот дека нема повторно да зачекори во рингот откако официјално објави дека се пензионира во 2021 година со биланс од 29 победи и без пораз.
Wow, I'm about to fight and guess who's facing me? A younger version of myself! He's all fired up, just like I used to be. But then, out of nowhere, something weird happens. Wondering where this is leading me? Stick around to see what is next @meta_gameplan pic.twitter.com/e44NCqPfn5
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) June 4, 2023