Џастин Гејџи: Сакам да гледам како го кршат Конор Мек Грегор

Џастин Гејџи не е голем обожавател на Конор Мек Грегор и тоа не е тајна за никого.

Во последните години бевме сведоци на многу навреди и закани меѓу двајцата. „Озлогласениот“ често го навредуваше Гејџи велејќи дека има пилешки мозок. Гејџи, пак, не престана да го предизвикува, но Мек Грегор одбиваше.

Гејџи во моментов се подготвува за реванш со Дастин Пориер, кој двапати со нокаут го совлада Мек Грегор. Џастин беше задоволен од она што Пориер му го направи на Мек Грегор во нивната втора борба. „Хајлајт“ сака да гледа како го кршат Ирецот.

„Голема почит за Дастин Пориер. Тој е куче. Она што му го направи на Конор Мек Грегор во последните неколку борби беше супер импресивно. Секогаш сакам да гледам како таа курва се крши.

Дастин е куче и знам дека треба да биде перфектен. Знам дека нема потреба од непријателство. Ние сме двајца од најдобрите, најбруталните спортисти во спортот.

И двајцата сакаме масакр. Ќе биде електрична ноќ“, изјави Гејџи за ДЦ & РЦ.

На 29 јули Хајлајт ќе се врати во октагонот по импресивната победа со одлука над Рафаел Физиев на УФЦ 286.

Џастин ќе се бори за појасот „БМФ“ против Пориер на УФЦ 291 што ќе се одржи на крајот на јули во Јута, САД. Гејџи ќе се обиде да му се одмазди на Пориер, кој го нокаутира во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО