Долгогодишниот тренер на Хабиб Нурмагомедов, Хавиер Мендез, е во посета на Дагестан, а Хабиб царски го пречека и му ги покажа знаменитости на татковина. Мендез е импресиониран од околината и суровите услови во кои живеат шампионот и неговото семејство и не престанува да го фали на социјалните мрежи.
Хавиер вели дека полицијата го сопрела него и еден пријател на Хабиб, бидејќи Мендез немал појас и кога им било кажано дека ќе тренираат со шампионот си заминале без парични казни. Хабиб, исто така, го однесе Мендез на планина и побара од него да се симне од работ на една огромна карпа, но Хавиер беше категоричен и не сакаше да го стори тоа. Тој рече дека „Орелот“” е луд планински гангстер и очигледно тоа е причината да бори со мечки.