Хабиб до Мек Грегор: Се предаваш во секоја рунда

Шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов не беше воодушевен од враќањето на Конор Мек Грегор. Непријателите не ја испуштаат секоја можност за напад, а „Орелот“ одлучи повторно да го зајаде Мек Грегор. Минатиот викенд во Вегас, Конор го победи Доналд Цероне со нокаут за 40 секунди.

Веднаш по средбата „Озлогласениот“ се пофали дека е првиот борец во историјата на УФЦ кој победил со нокаут во три различни категории. Сепак, на ова  не се пали Нурмагомедов, кој реши да го потсети Мек Грегор на поразите со завршница. Ирецот има четири порази во кариерата, сите се предадени.

Непоразениот борец од Дагестан објави на социјалните мрежи статус во кој се прикажани поразите на Мек Грегор од Дијаз, Џозеф Дафи и поразот што му го нанесе Дагестанецот во 2018 година. Таткото на Хабиб е подготвен за реваш со Мек Грегор, но сака УФЦ да им плати 100 милиони долари.

Хабиб во моментов се подготвува за тешка борба во април со Тони Фергусон, а навивачите го советуваа да се концентрира на Тони, наместо на препукувањата со Мек Грегор на социјалните медиуми.

https://www.instagram.com/p/B7tWxzhpM2S/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON