Хабиб до Хавиер Мендез: Те сакам тренеру

Хабиб Нурмагомедов преку објава на социјалните мрежи му се заблагодари на својот тренер – Хавиер Мендез.

Да потсетиме, Орелот ја доби обединувачката пресметка за титулите во лесна категорија на УФЦ, победувајќи го Џастин Гејџи во втората рунда, по што се пензионира.

„Нашата врска засекогаш ќе остане во моето срце, тренеру. Отсекогаш сте ми биле голема инспирација уште од првите денови во АКА. Те сакам тренеру“, напиша Нурмагомедов на својот профил на Инстаграм.

Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата со скор од 29 победи и ниту еден пораз во ММА (8 победи со нокаут и 11 со завршница). Тој ги победи апсолутно сите врвни борци во лесна категорија и останува во историјата како еден од најголемите доминатори во овој спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО