Една од најголемите боксерски вести минатата недела беше враќањето на 62 годишниот Мики Рурк на боксерскиот ринг. Актерот, кој пред да започне да снима за големит филмски продукции, во младоста имал бокс мечеви.
Во петокот, во Русија, холивудската ѕвезда забележа победа Елиот Сејмур во бокс меч, ко,ј очигледно, беше договорен.
Авторитетиот весник „Дејли Меил“ добил инсајдерска информација која открива грда вистина, од луѓе што биле присутни на состанокот.
„Сите овие наслови дека Мики Рурк победил некој кој е два пати помлада од него … да , го победи, но тоа не е вистинска приказна. Вистинската приказна е дека тој победи бездомник, кој е очаен и најверојатно ќе се врати повторно да живее на улица откако му беа исплатени парите. Луѓето немаат идеја за тоа . Постојат многу нешта околу ситуацијата, кои не се кажуваат и кои се многу поважни, од тоа што средбата беше наместена. Човекот нема дом и има психички проблеми. Му рекоа да падне во четвртата рунда, но тој се откажа во втората. Се надевам ќе му платат и ќе се врати дома неповреден“.
Сепак, по средбата Рурк покажа убеденост во своите можности . „Минатиот месец поминав доста време со Мики Вард, кој е познат по ударите во црниот дроб, па работев доста на оваа техника“.Рурк додаде и дека нема намера да застане тука и дека ја планира следната средба во март 2015 година. Рурк има минато во боксот, дури некое време во вежбаше со Фреди Роуч. Затоа постои веројатност, ако дуелот бил наместен, а Рурк да не знаел за тоа. Еве го видеото од средбата.
http://youtu.be/QyfGGxFXRCk