Грасо: Ќе докажам дека победата над Шевченко не беше случајна

Шампионката на УФЦ во мува категорија Алекса Грасо (16-3) е уверена дека може да и нанесе втор последователен пораз на поранешната шампионка Валентина Шевченко (23-4).

Двете жени се предводнички на настанот УФЦ Фајт најт 225 на 16 септември во Лас Вегас. Грасо во четвртата рунда со завршница ја совлада Шевченко. Борбата се одржа на 4 март на УФЦ 285 во Т-Мобиле арена, Лас Вегас.

Тоа беше прв пораз на Шевченко во мува категорија. Валентина настапи многу слабо и се раздели со серијата од 9 последователни победи. Многу луѓе веруваат дека победата на Грасо беше случајна.

Таа го тврди спротивното и е подготвена да го докаже тоа.

„Имавме неверојатен план за борбата со Шевченко. Знаевме дека можеме да ја победиме. Морав да ја завршам. Мојата цел е да ги инспирирам жените, особено младите девојки.

Сакам да оставам трага и да покажам дека со доволно дисциплина можете да ги остварите вашите сништа. Ќе се борам за мојот сон на главниот настан на турнирот. Мојот шампионски појас е покрај мојот кревет.

Тоа е првото нешто што го гледам секое утро. Ме одржува мотивирана. Дури и кога имам многу болки и сум уморна, гледам во појасот и си помислувам: „Ајде душо, можеш да го направиш тоа“.

Едвај чекам да го видам планот на Валентина за нашиот реванш. Во првата борба бев добра во стој, па таа реши да се обиде со борење. Но и таму имам добар арсенал.

Мојата победа не е случајна. Ќе го докажам тоа на реваншот“, изјави Грасо за Спортс илустрејтид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО