Гранд при Скопје во чест на Игор Лазарев и 50 години КК „Цветан Димов“

Меѓународниот карате турнир Гранд при Скопје, со кој се одбележува 50-годишнината на Карате клуб „Цветан Димов“, е посветен на Игор Лазарев.

Турнирот ќе се одржи утре во салата на ОУ „Антон Димитров“ во Бутел, а победниците во отворените/ апсолутните категории добиваат парични награди во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција во борби, како и во кати во сениори.

Досега на турнирот се пријавени 395 каратисти со 525 натпреварувачки влезови од 51 клуб од 11 држави. Од Македонија ќе настапат 344 каратисти со 456 натпреварувачки влезови.

Игор Лазарев кој неодамна го напушти овоземскиот живот беше репрезетативец на Македонија, тренер во клубот и светски судија со А лиценца на ВКФ.

Во далечната, можеби и блиска, 1974 година е формиран Карате клубот „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. И ден-денес своите активности клубот ги остварува на истото место. Основачи на клубот се: Јован Лазарев (тренер) и каратистите од првата генерација Сашо и Тони Врбоски, Борче Илиевски, Митко Костов, Мите Костов, Боро Зафиров, Ида Марожи, Христаки Давитковски и Љупчо Деловски. Прв претседател на клубот е Ѓоко Гакидов, Александар Врбоски, Димитрија Павловски и денес Цанде Петровски.

Клубот има остварено врвни резултати, со тоа што, покрај Металург од Скопје, се натпреварува во Македонската карате лига од нејзиното основање во 1976 година па до згасувањето во 2010 година. Највредниот резултат во Лигата е постигнат во 1995 година, кога „Цветан Димов“ стана првак на Македонија во состав: Елвир Куртановиќ, Владо Апостолов, Горан Мијовски, Бошко Заборски, Игор Лазарев, Ордан Димоски и Тихомир Јотевски.

Елвир Куртановиќ – шампион на Европа 1993 год.

Елвир Куртановиќ и Јиван Лазарев со златниот медал од ЕП 1993 г. во Кардиф, Велс

Во поединечна конкуренција се постигнати повеќе успеси. Елвир Куртановиќ е првиот носител на златен медал во независна Македонија. Тој во 1993 година во Кардиф, Велс, стана европски првак во јуниорска конкуренција во борби. Идриз Провалија – првак на СФРЈ (јуниори) и член на јуниорската репрезентација. Владо Апостолов – кадетски првакк на СФРЈ. Неџат Муриќ – сениорски репрезентативец на СФРЈ, кој има настап на Светското првенство во Мексико. Тихомир Јотевски е вицепрвак во сениори на СФРЈ. И многу прваци на Македонија.

КК Цветан Димов две години по ред е европски првак, 2012 и 2013 година, на стилското Европско првенство во Вадо рју карате. Јован Лазаррев во периодот од 2004 до 2008 година е претседател на Карате федерацијата на Македонија.

Од поновите генерации каратисти на клубот за одбележување е настапот на Игор Лазарев на ЕП 1995 година во Истанбул за јуниори, каде што го освои петтото место. Од поновата генерација се истакнаа Енес Смаилагиќ и Ненад Келебиќ.

Смаилагиќ го навести тоа во Премиер лигата во Париз (2014 г.), освојувајќи го петтото место во конкуренција на 110 натпеварувачи, при што совлада и европски шампиони. Келебиќ своите квалитети ги демонстираше на ЕП 2014 во Лисабон, каде што го освои бронзниот медал.

Енес Смаилагиќ (-75 кг) освои златен медал на Балканското првенство за сениори во Истанбул во 2016 година, но и сребро со кумите тимот . Енес на Европското првенство во вадо кај карате (2016) во Лиеж, Белгија освои бронзни медали и во поединечна и во екипна конкуренција (кумите тимот во состав Сашко Патраклиев, Смаилагиќ, Келебиќ и Самир Салиу).

Ненад Келебиќ (-67 кг) на ова ЕП освои златен медал во борби и бронза во екипна конкуренција.

Сребро до Светскиот куп „Лашко 2016“.

Ќелебиќ има сребрен медал во сениорска конкуренција на Вадо купот во Олбија-Сардинија, Италија, во 2017 година

Ненад освои бронзен медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, во 2018 година.

Златен медал со кумите тимот на Македонија на Балканското првенство 2018 година во Истанбул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО