Гранд при Корација главна проверка за македонските каратисти за ЕП во Грузија

Викендов се одржува Гранд при Кроација во Самобор на кој ќе настапат 47 каратисти од Македонија со 53 натпреварувачки влезови од 11 клуба.

На овој меѓународен силен турнир настапуваат 1326 каратисти со 1539 натпреварувачи влезови од 233 клуб од 29 држави.

Од Македонија учествуваат следните клубови:

Ботони 2
Металург 8
Автокоманда 7
Фати 7
Куштрими 3
Макпетрол 8
Галдијатор 1
Кизаме 8
Олимпик спорт 1
Скопје 1
Шарпланинец 1

Гранд при Кроација годинава има две опен категории, и во машка и во женска конкуренција за сениори. Овој силен меѓународен турнир е проверка пред Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тбилиси, Грузија, од 9 до 11 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО