Гоце Јанески во составот на репрезентацијата на Регионалната против Италија (ВИДЕО)

Гоце Јанески ќе настапи за репрезентацијата на Регионалната боксерска лига (РБЛ) против селекцијата на Италија на 18 ноември во Подгорица, Црна Гора.

Јанески кој настапува за Пинк Пантер во РБЛ во категоријата до 75 килограми има скор од 6-1,односно 7-1 со една службена победа, и еден од најуспешните боксери во Лигата.

Селекторот на Регионалната репрезентација, Илија Младеновски во соработка со Томислав Антељ се одлучи за следните боксери:

-56 кг Вељко Глигориќ

-60 кг Стипан Пртењача

-64 кг Петар Стошиќ

-69 кг Адем Фетаховиќ

-75 кг Гоце Јанески

-81кг Џемал Бошњјак или Дамир Плантиќ

-91кг Елвир Сендро или Тони Филипи

+91кг Милутин Станковиќ или Дасо Симеуновиќ.

Инаку УО на РБЛ на вчерашниот состанок избра селектор на репрезентацијата на Регионалната бокс лига тоа е сегашниот селектор на селекцијата на Босна и Херцеговина. Тој ќе ја води репрезентацијата на мечот со Италија кој анастапува во најсилниот состав.

https://youtu.be/_NI8eBR4xYY

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО