Без Славија и Спартак до крајот на РБЛ, догодина велгуваат Будуќност и Словенија (ВИДЕО)

 

Регоналната боксерска лига (РБЛ) до крајот ќе продолжи без Славија од Бања Лука и Спартак  од Суботица, а нивните резултати ќе бидат поништени, така одлучи Управниотр одбор на лигата вчера во Лозница, Србија.

Претседателот на РБЛ, Јурица Рунтиќ, вчера истакнал дека има можност во ова натпреварување да с евклучи и репрезентацијата на Хрватска до 21 година. Според него, Србија има сила за два клуба во Лигата.

„Во 2018 година одиме уште појако и похрабро во понатамошен просолжеток на квалитетот на лигата. Во наредните два месеци ќе се разработи комплетниот медија план за 2018 година и ќе биде многу поодбар отколку сегашниот. Овој филтер ни беше доволен да видиме кој може да настапува во Регионалната лига и кои клубови се компетентни за настап во неа“, рече Рунтиќ.

https://youtu.be/FAZ5mJi-6RM

 „Јас би сакал да се обидеме заеднички да ги надминеме проблемите на двата клуба. Ако двата клуба одбијат соработка, тогаш нема избор- ќе бидат исклучени. Такво е моето мислење . Остануваат уште три кола до крајот на првенството. Би сакал да упатам јавна благодарност до раководствата на Чаир и Аперкат за соработката што ја имаме во Регионалната лига. Тие ни помагаат со боксери. Чаир ни ги отстапува Алмир Нуришов и Љулзим Исмаили, а Аперкат -Гоце Јанески“, изјави Илија Младеновски

Во сабота Пинк Пантер во 9.коло на РБЛ и гостува на Сесвете од Загреб. Штипјани ќе ги предводат Димитар Ташков и Ристе Грбев.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО