Гоце Јанески на силен меѓународен турнир во Приштина оди на нова победа!

Goce Janeski so krenata raka

Викендов што доаѓа ќе се одржи силен меѓународен турнир во Приштина-Косово, кој е во календарот на ЕБУЦ, на кој ќе настапи нашиот млад и надежен репрезентативец Гоце Јанески од БК Аперкат.

Јанески ќе настапи во сениорска конкуренција, додека неговиот клупски другар Јасин Мифтар ќе се бори во јуниорска конкуренција.

„По две победи во Подгорица на Бенекс лигата и на турнирот во Лесковац „Боксинг деј 2016“ и во приштина одиме на победа“, велат од  таборот на Гоце Јанески.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО