Гоце Јанески и Јасин Лама пристигнаа во Скопје, веднаш се ставени во карантин

Македонските боксери Гоце Јанески и Јасин Лама по многу перипетии стигнаа во Македонија и вднаш заминаа во 14-дневен карантин во хотелот Ибис во Скопје.

Нашите боксери учествуваа на кавалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио, но турнирот се прекина по три дена, а поради корнавирусот аердоромите беа затворени, па така останаа повеќе од планираното.

Тие вечерва со авион пристигнаа во Софија, а потоа се префрлени во Македонија.

Лама и Гоце, како и нивните родители, изразија голема благодарност до Боксерската федерација на Македонија, односно до претседателот и потпретседателот Примислав Димовски и Фатон Салиху за несебичниот ангажман, како и секретарот Бранко Илиевски.

МНР максимално се ангажираше околу нашите боксери и во Лондон и за нивното пристигнување во Скопје.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО