Гостувањето на Дејан, Борче и Дарко на „Канал 77“ (ВИДЕО)

Го објавуваме во целост гостувањето на освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски и неговите тренери, односно селекторот на таеквондо репрезентацијата Борче Костовски и тренерот Дарко Костовски, во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 со водителот Столе Наумов.

Георгиевски рече дека од оваа гледна точка во однос со борбата со Русинот Ларин можел и подобро. Додава дека би се борел во теквондо исто како и тогаш, но би ја променил тактиката и стратегијата сега кога веќе знаат кои се предностите и маните.

Георгеивски е висок 199 сантиметри, со таа негова висина вели дека на почетокот имал амбиции кон кошарката, но потоа тие спортски амбиции се промениле и почнал да тренира таеквондо заедно со неговиот брат и сестра. Почетоците биле во 2008 година, и веќе 13 години е во овој спорт.

Дејан зборуваше дека теквондото е спорт во кој може почесто да се здобие со скршеници, но вели во секој спорт има повреди, скршеници – повреди секако се случуваат. Досега се здобил со повреди на еден на натпревар, тренинг, камп и на спаринг. За успех во теквондото како спорт вели дека потребно е 50 -50 во однос на физичката и психичката подготвеност.

Разговорот со Дејан, Борече и Дарко почнува од 43:00.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО