„Горостас“ предизвика мршав БЏЏ ветеран, погледнете како си помина… (ВИДЕО)

Приказната отприлика оди вака … огромен човек еден ден едноствано отишол во БЏЏ сала во Флорида и го предизвикал когобило и кој е подготвен со него да си ги одмери силите во граплинг. Влогот бил 20 долари. Тоа била салата на познатиот црн појас во БЏЏ, Робсон Мур, кој личномо одлучил да го прифати предизвикот и да „се бори“ со човекот кој е многу поголем, потежок и посилен од него.

Но, некои други квалитети сепак се пресудни за да бидете успешни во којбило спорт, освен силата и големината. Во тоа се увери на сопствениот пример горостасот од почетокот на приказната. MMAimports јавува дека Мур во пет минути неколку пати го принудил противникот да тапка, демонстрирајќи колку е промашена неговата идеја за влез во БЏЏ салата.

Наводно горостасот одлучил да пополни пристапница и да почне да тренира БЏЏ.

Погледнете го видеото …

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON