Горјанин за Деновите на Бушидо: Ова е производ на долгото тежнеење за внесување на хармонија во Будо вештините

Утре се одржува „Денови на Бушидо“ во Скопје во организација на во организација на Такешидо каиго – Шуготенши Каратедо-Бушидо школа.

Ова е прв настан од ваков формат. За прв пат историски, барем за нашиов регион, ќе се обединат и претстават сите Бушидо (Будо) школи на едно место кон пошироката јавност преку презентации, предавања и дружба.Настанот има за цел да ги урне стереотипите и да постави една нова подлога на практукувањето на вештините и јапонската култура во целост преку овој бран на учители и инструктори кои се потполност се посветени на практикувањето на својата вештина.

„Бушидо е кодекс кој не обединува сите нас, будоките“, истакнува Горјанин.
Настанот е од отворен тип и за инструктори и за посетители и е бесплатен, но е потребна претходна резервација, која може да се направи преку порака на ФБ или на моб. 078/290-778 или директно во Јамамори – Центарот за ментална хигиена и изворни вештини.

„Велат: „Тој што прв го руши зидот и минува низ него, крвари”. Тој што прв трасира пат, по трње оди”. Велат многу работи и во право се. Но исто е кажано дека ние го бираме својот Пат, но некогаш Патот не бира Нас. Наше е да го одиме“, истакнува Горјанин и додава:

„Овој настан е производ на долгото тежнеење за внесување на хармонија во Будо вештините помеѓу школите и нејзините практиканти. Тежнеење, како доказ дека нејзината филозофија и пракса не е бесцелна матрица на демагошко говорење, туку жива материја која е поголема од маленкоста на луѓето. Се надевам дека истиот тоа и ќе го докаже, а во најмала рака, барем, ќе ги заинтригира своите и идни практиканти во самата своја „магија” на постоењето.

Овој концепт започна да се реализира како минорен интерен чин, но за брзо време самиот си се постави како фундамент и реши да „проговори” и оствари за нешто кое тлеело кај сите. Реши да ја испушти својата светлост и да остави печат. Печат кој со надеж на идните генерации ќе го почитуваат и продолжат уште повеќе и уште подобро.

Мојот вечен респект до апсолутно сите Вас кои го поддржувате, учествувате, но и за сите вие кои сте вистински вљубеници во својата вештина, спорт, школа или клуб“.

https://www.facebook.com/events/128110938571596/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО