Ѓорги Стојанов е избран за селектор на пионерската џудо репрезентација

Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) на конкурс избра на селектори на џудо репрезентацијата на Македонија, а довербата да ја води пионерската репрезентација ја доби тренерот на ЏК Дрим од Струга Ѓорѓија Стојанов.

Инаку Ѓорѓија Стојанов е дипломиран професор по физичко образование спорт и здравје на факултетот со натпреварувачко и тренерско искуство. Тој бил долгогодишен државен првак и репрезентативец на Македонија, а Дрим под негово раководство, како главен тренер, три години по ред е најуспешен клуб во конкуренција на пионери и помлади пионери во Македонија.

Стојанов за довербата која му ја дадоа од Џудо федерацијата го изјави следното:

Многу сум благодарен за доделената доверба од страна на спортскиот директор и раководството на ЏФМ да ја предводам пионерската репрезентација на Македонија. Џудото е мојата љубов и ја сакам оваа професија. Сигурен сум дека ќе дадам се од себе и со мојата работа ќе успеам да изградам врвни џудисти кој ќе остваруваат врвни спортски резултати и џудо репрезентацијата на Македонија ќе ја издигнам на највисоко ниво со кое сите ќе се гордееме“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON