Балканец во последен момент се засили со тројца борачи од Спартак

Синоќа заврши преодниот рок за борачи, а Балканец во полседен момент се засили со тројца борачи од Спартак од Кочани: Александар Павлев, Иван Викиќ- сениори и Петар Костов- кадет.

Претходно на Балканец му пристапија Кристијан Воденски во најмалдата категорија, на душекот се вратија искусните, ветерани Дејан Митров,Бобан Данов, Бобан Савев, Миќи Тодоров, Аце Арсов, Младен Рунчев. Во штипскиот клуб останува и натурализираниот Македонец, Владимир Егоров.


Синоќа во Балканец беше мошне живо. Имаше доста борачи на тренингот.
„За нас успешно мина преодниот рок. Остануваат сите пионери и кадети во клубот, се вратија на душеот повозрасните борачи… Се подготуваме за Изборното првенств што на 17 февруари ќе се одржи во салата „Јордан Мијалков“ во 11 часот. На првенството очеувам да настапи и нашата најголема надеж, Владимир Егоров, кој е кандидат за ЛОИ во Токио 2020 година. Токму во Штип ќе бидат избрани сениорската и кадетската репрезентација на Македонија.Сакам да истакнам дека во екипата на Балкнец во сениорската екипа ќе се појави и Мики Тодоров, кој лани беше најдобар на Државното првенство. Очекуванм да го повтори лансикиот успех. Работиме напорно и верувам дека таа работа ќе донесе резултати на Изборното првенство за сениори и кадети“, вели Виктор Богданов, претседател и тренер на Балканец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО