Ѓорги Петров и Јусра Адеми балкански прваци!

Горги Петров со Оливер
Ѓорги Петров-Партизан-Кочани

Ѓорги Петров од Партизан -Кочани и Јусра Адеми од Форца-Скопје освоија златни медали на Балканското првенство за деца во Херцег Нови-Црна Гора.

Јусрра адеми златна
Абдурахим Идризи и Јусра Адеми – Форца

Петров и Адеми ги освоија златните медали во борби за деца до 11 години во категоријата до 40 килограми.

Сребрен медал освои Георги Бановски (Гладијатор-Велес) во кати за деца до 14 години, а на Абдурахим Идризи (Форца) во истата категорија му припадна бронзениот медал. Со бронзени медали се закитија Симона Николовска (Ботони) во борби (+ 40 кг) Дардан Цека -Шкендија (-40 кг) до 11 години, Ирена Ристиќ -Ботони (-47 кг)  и Александар Неделковски (Металург) во кати до 13 години.

Георги Бановски-Гладијатор
Георги Бановски-Гладијатор

По сите работи што ги преживеаја каратистите со сместувањето ова е успех за почит.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО