Гордиот Витали Кличко: Саша, паметен (ВИДЕО)

Еден од најпознатите боксери во тешка категорија Витали Кличко во живо го следеше иконскиот успех на Александар Усик над Ентони Џошуа пред 65.000 гледачи на стадионот на Тотенхем во Лондон. Поранешниот апсолутен шампион во полутешка категорија го совлада Еј Џеј со едногласна одлука и го наследи Владимир Кличко како украински владетел на повеќе од еден шампионски појас во кралската категорија.

„Саша, паметен човек“, го поздрави Кличко сонародникот во рингот. „Александар Усик боксира многу паметно. Голема борба, многу паметна. Многу сум среќен затоа што Александар направи совршена работа. Сите во Украина се многу возбудени и ќе бидат многу среќни, бидејќи по Владимир Кличко имаме нов шампион во тешка категорија со сите појаси“, рече Виталиј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО