Головкин за најголемата слабост на Канело: Арогантен е, а тоа е казниво

Мексиканската боксерска ѕвезда Канело Алварез (57-2-1, 39 КО) ќе ги брани светските појаси на ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ВБО во суперсредна категорија против Казахстанецот Генади Головкин (42-1-1, 37 КО). Оваа борба ќе ja заврши нивната трилогија.

Првиот меч во септември 2017 година заврши нерешено, а една година подоцна Канело победи со поделена одлука.

Нивниот втор меч требаше да се одржи на почетокот на 2018 година, но мексиканскиот боксер беше суспендиран поради позитивен допинг тест.

Канело беше позитивен на забранетата супстанца кленбутерол, па мораше да паузира шест месеци.

Головкин не заборави и смета дека не треба да се става под тепих.

„Мислам дека ова никогаш не може да се заборави. Некои се помириле со овој факт, а други повеќе не сакаат да размислуваат за тоа и го вртат грбот“, изјави Генадиј Головкин.

Во последните недели и двајцата боксери разменија многу зборови, но на Казахстанецот тоа не му пречи премногу…

„Канело воопшто не ми пречи, но има многу лоши особини, што очигледно го спречуваат да живее нормално“, истакна Генади Головкин и додаде:

„Во неговата последна борба не беше потребен нокаут за да се победи. Охрабрувачки е што судиите повеќе не му се лојални на Канело и не го чувствуваат товарот на неговиот имиџ“.

Во мај Мексиканецот загуби со едногласна одлука од Русинот Дмитри Бивол, кој на тој начин го одбрани шампионскиот појас на ВБА во полутешка категорија.

Головкин верува дека ја сфатил најголемата слабост на Канело.

„Ароганција“, истакна Генади Головкин и додаде:

„А ароганцијата е казнива“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО