Головкин со неверојатен гест по мечот со Мурата (ВИДЕО)

Светскиот шампион на ИБФ и ВБА во средна категорија – Генади Головкин на сите им покажа дека ривалството престанува со последниот удар во гонгот, по што до израз доаѓа почитта кон противникот. 40-годишниот Казахстанец импресионираше со гестот што го направи за Риота Мурата по нивниот судир во Саитама, Јапонија.

Головкин отиде во соблекувалната на противникот и му го предаде ВБА појасот. Му ја подари и својата наметка која е симбол на голема почит. ГГГ го доби Јапонецот во деветтата рунда, со што му ја одзеде титулата на Светската боксерска асоцијација. По оваа победа Казахстанецот со нетрпение го очекува мечот со Канело Алварез и ќе се надева дека ќе изведе ваква битка до крајот на годината.

„Овој појас е ваш до крајот на животот“, изјави Головкин при посетата на Мурата во соблекувалната. Двајцата разговараа неколку минути по нивниот судир, кој помина под доминација на ГГГ, но и Јапонецот успеа да зададе прилично добри удари.

https://twitter.com/MichaelBensonn/status/1512871395247763461?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512871395247763461%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fboxing%2Fgolovkin-s-unikalen-zhest-sled-boya-s-murata-video%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО