Головкин: Почнувам да го губам интересот за Канело

Генади Головкин призна дека почнува да го губи трпението очекувајќи да боксира со Сол Алварез – Канело.

Одамна се зборува за евентуален мега дуел меѓу двајцата, но во оваа фаза се останува во сферата на бајките и најдобри желби.

Првично, проблем во случајот беа килограмите на двајцата боксери, затоа што Канело одбиваше да се сретне ГГГ, поради лимитот во средна категорија од 160 фунти. Сега, проблем се парите, за кои не можат да се договорат двете страни.

Сепак, се смета дека средбата може да се одржи во септември, но ГГГ ​​призна дека на 35 години, нема многу време за чекање.

„Почнувам да губам интерес за Канело, бидејќи знаете дека имам многу искуство во кариерата. зборуваат многу и кажуваат многу глупости. Канело вели дека е најдобар … океј, но зошто не сака да боксира со мене? Јас сум подготвен, подготвен сум за сите“, изјави Головкин.

„Тој вели дека е подготвен. И дека ќе ми се јави уште утре. Чекав две години. Тоа е долго време за мене и веќе не ми е интересно“, додаде ГГГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО