Головкин планира два меча до крајот на годината

Шампионот во средна категорија на ИБФ, Генади Головкин, сака да одработи меч пред борбата за обединување на титулите со шампионот на ВБА, Риота Мурата на 31 декември. 39-годишниот боксер сака да најде противник за август или септември.

Според изворот, тимот на Головкин не само што направил напредок во преговорите со промоторите на Мурата од „Тејкен промошн“ за борба за обединување во Јапонија, туку разговарале и за привремените битки за двата шампиони. Ривалите допрва ќе бидат утврдени, а се очекува Головкин и Мурата да се борат на иста гала вечер.

Една од причините за оваа заедничка боксерска вечер е тоа што 35-годишниот Мурата не влегол во рингот откако успешно ја одбрани титулата против Стивен Батлер во декември 2019 година во Јапонија.

Генади Головкин направи задолжителна одбрана на титулата во декември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО