Боксесркиот спектакл на годината на добар пат е да стане реалност, бидејќи Генадиј Головкин го прифати предизвикот и е подготвен на соочување со Канело Алварез.
Алварез минатиот викенд во Лас Вегас ја одбрани ВБЦ титулата во средна категорија нокаутирајќи го Амир Кан во шестата рунда. По мечот Канело и неговиот тим го прозваа Головкин.
„Не дојдовме овде за да си играме. Не се плашам од никого. Подготвен сум да се борам со него сега во моментов. Да ги навлечеме ракавиците и да го направи тоа“, изјави Алварез за ЕСПН.
За негова среќа ГГГ, кој ги држи ВБА, ИБФ и ИБО, како и привремената ВБЦ титула, брзо реагираше преку Твитер и даде на знаење на Канело дека е подготвен:
„Големо почитување на сите борци кои настапија вечерва. Јас сум подготвен, @Canelo“.