Мејведер Сениор на Мек Грегор: Кога било со тебе, ќе те претепам Коноре

mayweather_mcgregort

Вест на денот во понеделникот беше приказната за бокс мечот меѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мек Грегор. Кога Џо Роган вели дека приказната не е глупост, имагинацијата на медиумите и навивачите лесно се пали.

Прашање е дали се работи за реалност или спин што крена многу прашина е поставено и на татко му на Мејведер.

„Нема за што се зборуваме“, рече поранешниот боксер, но и поранешен тренер на неговиот син.

Запрашан дали знае дека Мек Грегор во аматерскиот бокс освоил титула во Ирска, Мејведер Сениор со одговор:

„Не ми е гајле за аматерското минато на Конор. Ма тој е срање од шампион. Тоа е во ред што таму бил шампион, но Флојд е првак на целиот свет. Ако зборуваме за некој кој е аматерски првак и го споредуваме со Флојд, па тоа е шега. Не дека сакам да го замолчам. Тој ќе биде замолчен“.

Всушност, иако Мејведер е во повозрасни години не му пречи тој да ги вкрсти ракавици со шампионот на УФЦ.

„Кога било со него. Ќе го претепам Конор“.

Сепак, вели дека евентуалната средба Мејведер – Мек Грегор би ги соборила сите рекорди на гледаност.

„Тоа би била поголема битка од Флојд и Пек-Мен. Се согласувам со тоа. Чекајте и ќе видите“.”

Колкав шансите во можниот меч на Ирецот во проценти?

„0 проценти. Најбрзиот нокаут во историјата на Флојд. Ма нема да го кажам тоа, но можам да речам дека би била понижувачки борба. Флојд бо го претепал да засрами“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО