Головкин ќе ослободи една титула

Светскиот шампион на ВБА и ИБФ во средна категорија Генади Головкин ќе мора да донесе тешка одлука за својата иднина. Ветеранот од Казахстан ќе се врати во средна категорија за следниот меч, откако пред еден месец претрпе пораз од Сoл Алварез.

На 40-годишниот шампион првично му беше наредено од Светската боксерска асоцијација да се бори со Ерисланди Лара за појасот na ВБА, но сега „ГГГ“ доби уште еден сличен повик, овој пат од другото раководно тело, Меѓународната боксерска федерација.

ИБФ му нареди на Головкин да ја брани титулата против предизвикувачот број 1, Бразилецот Ескива Фалкао.

Во такви околности, Головкин ќе треба да размисли која од двете титули да ја ослободи, бидејќи нема да може да ги задоволи барањата на двете организации.

Многу е поверојатно дека Головкин би претпочитал борба со 39-годишниот Кубанец, бидејќи мечот би привлекол поголем интерес. Фалкао (32) е сребрен медалист на Олимписките игри во Лондон во 2012 година и има 30 победи од 30 професионални натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО