Головкин го предизвика Мејведер

Golovkin nastroen

Енергичната професионална боксерска ѕвезда Генади Головкин (Казхстан) го предизвика легендата Флојд Мејведер (САД). Казахстанецот не остана задоволен од зборовите на Американецот.

„Тој вели дека лесно ќе се справи со мене. Ајде, дојди. Покажи ми колку е лесно. Ги сакам најлесните пари и лесна работа“, изјави Головкин.

Головкин дури изјави дека е подготвен да се симне во пониската супер полусредна категорија, за да се сретне со Флојд.

„Сметам дека Флојд и татко му сфаќаат колку сум сериозен боксер. Не ми се допаѓа неговиот пинг-понг стил. Имам голема шанса да го нокаутирам, ако се сретнеме“.

Следната борба на Головкин е против еден друг непоразен боксер – Доминик Вејд. Нивната средба е во саботата вечер на шоуто во Лос Анџелес.

https://youtu.be/odxHXXmRFtg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО