Големиот балкански карате семинар утре доаѓа во Скопје (ФОТО)

Големиот балкански карате семинар утре доаѓа во Скопје.

Семинарот е на 29 и 30 март во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ под водство на мајсторите Зоран Пејов, Милан Ѓокиќ и Тони Петров од 19 до 22 часот.

Семинарот започна на 26 и 27 март во Ниш, денеска е во Лесковац, а ќе заврши во Софија на 31.

Семинарот ќе го предводат мајсторите Милан Ѓокиќ (6 дан) и Љубиша Шишкин од Србија, Зоран Пејов (5 дан) од Македонија и Тони Петров (7 дан) од Бугарија.

Учесници на семинарот од Турција веќе се во Скопје, а свое учество најавија и многу македонски карате мајстори, како и Македонската џиу џицу федерација. Освен тоа,семинарот ќе го следат бројни високи гости од странство и од Македонија.

Целта е да се продлабочат врските со Франција, посебно во обуката на младите каратисти за Олимпијдата во Париз 2024 година, како за карате спортот, така и за џиу џицуто.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО