Големиот балкански карате семинар финишира во Будва

Големиот балкански карате семинар во Будва, Црна Гора, го заокружува годинашново издание.

Мајсторите Ранко Вукотиќ, Зоран Пејов и Милан Ѓокиќ ќе презентираат техники од традиционалното и спортското карате, како и од џиуџ џицу техниките применливи во реалното карате.

Големиот балкански карате семинар е со заложба – пат на мирот и љубовта, толеранција, разбирање и регионална соработка. Да се надминат разликите, да се биде пример на сите. Да се покаже дека ги има каратистисте. Практикувајќи го со нас (мајсторите-н.з.)  традиционалното карате – до, спортското карате, џиу џицу и самоодбрана.

Идејата е со заедничка соработка да се изградат спортисти кои балканските земји ќе ги претставуваат на Олимписките игри во Париз 2024 (ако го има на листата на спортови на Игрите) и соработка со Францсуката карате федерација. Оваа врска се гради преку нашиот мајстор кој живее и работи во Франција, Стојан Стојанов, роден кавадарчанец.

Од друга страна, има се повеќе земји кои сакаат да се приклучат на оваа благородна идеја.

Совите вештини и знаеења на учесниците на Големиот балкански карате семинар ги пренесуваат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан и шихан Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан, а сенсеи Ранко Вукотиќ (5 дан) од Црна Гора.

Годинава семинарот почна од Софија на 22 и 23 март, а продолжи во Скопје – Македонија 12 и 13 април и Ниш – Србија 7 и 8 јуни, а завршува во Будва – Црна Гора 20–23 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON