Големи тензии! Чимаев и Усман го направија првото соочување, погледнете како изгледаше тоа

Судејќи според првото соочување, во саботата можеме да видиме вистински огномет во октагонот на Етихад aрената.

Ни делат само два дена од саботниот настан на УФЦ 294, а по повод спектакуларниот настан во Абу Даби денеска се одржа медиумска конференција, а потоа и првото официјално соочување. Најголем интерес привлече соочувањето меѓу Хамзат Чимаев и Камару Усман, носители на конаслованта борба на вечерта во средна категорија. Судејќи по тензијата која владееше при нивното соочување, во сабота може да очекуваме „огномет“ во октагонот на Етихад арената…

Иако Чимаев и Усман се ракуваа пред пресметката, она што следеше веднаш по ракувањето не изгледаше нималку добронамерно и пријателски. Нигериецот и Чеченецот застанаа еден проти друг и си разменија погледи, при што Чимаев ја префрлаше тежината од нога на нога и го гледаше противникот со индикативна насмевка на лицето, додека Усман застана цврсто на своето место и го фиксира „Борз“ со смртоносна сериозност. А откако беа разделени и кога дојде редот да се обратат кон насобраната публика и фотографи, борците не го тргаа погледот еден од друг, а напнатоста, така да се каже, можеше да се исече со нож во тие моменти. Како точно изгледаше тоа погледнете во следното видео.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО