Големата шампионка Јелена Ковачевиќ и стави крај на кариерата!

jelenakovacevicoprostaj

Една до најдобрите европски и светски каратистки, Хрватката Јелена Ковачевиќ, и стави крај на спортската кариера. 

На Европските игри во Баку го освои среброто, а со тоа и му кажа збогум на овој спорт.

„На Европските игри во Баку го освои првиот медал за Хрватска , а последен во мојата кариера. Ова беше последен натпревар на кој учествував. Имам 30 години и ова е убав крај на мојата кариера“, изјави Ковачевиќ.

Таа е двократен европски првак, а освоила вкупно шест медали на европските првенства. Покрај тоа, има и сребрен и бронзен медал од светските првенства. На Светските боречки игри во Пекинг во 2010 година го освои златниот медал.

„Имам медали од светските и европските првенства, Медитеранските игри, Светските боречки игри. Сега освоив медал на Европските игри. Мислам, дека може да бидам задоволна“, истакна 30 -годишната опатијка, која е голем пријател на македонските каратистки, посебно со Симона Заборска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО