Николовски: Оставка си дадов, а Лаловиќ на мене и на Тупурковски ни вети дека ќе го минусира долгот!

Cedo vo baku

Актуелниот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски, минатата година на 28 март, од морални причини, сам си напишал неотповиклива оствака пред Европското првенство во Финска.

„Како претседател на успеав да обезбедам средства борачите да отпатуваат на ЕП во Финска, иако ги обезбедив авио билетите. Се надевам, некој кој е во состојба да обезбеди средства за учество на ЕП, треба да раководи со ФБСМ. Очигледно дека во овој момент јас не сум тој“, се наведува во остваката на Николовски упатена до Управниот одбор на ФБСМ.

Ostavka na Cedo pismena

„Точно е дека си поднесов неотповиклива постапка, бидејќи немав обезбедено 2.000 евра за борачите да отпатуваа на ЕП. Сепак, ги обезбедив парите и тие отпатуваа на ЕП“, вели Николовски за ipon.mk.

Само потсетува дека на годишното Собрание на ФБСМ никој не се повикал на оставката. Смета дека за тој момент таа била сосема легитимна. Подоцна не понудувал на писмено оставка, икао во усните рагзовори потенцирал ако дојде претседател кој ќе донесе пари, дека тој сам ќе се поднесе оставка, а, пред се, ако е во прашање Ванчо Чифлиганец. Кој го смета за најголем претседател, а воедно и најсупешен, во сите спортски федерации.

Го потсетивме Николовски за материјалите што ексклузивно ги објави ipon.mk утринава за долгот кон Обеднинетото сватско борење (ОБС) од 13.500 швајцарски франци, а и дека во нашите разаговори, дека на средбата со претседателот на ОБС, Ненад Лаловиќ, дологот ни бил отпишан.

„На разговорите беше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски. Се јави Лаловиќ во седиштето на ОБС во Лозана, за да праша колку е долгот и за што е направен, и дословно рече: „Котизацијата за ЕП, е гранција, од околу 10-тина илјади евра, дека делегатите ќе бидат исплатени (што и се исплатени-Ч.Н.), тоа на Вас ќе ви го минусирам од вкупниот долг. За она другото (казната за судиите) ќе видиме, а за трансферот на борачите од Русија, Тимур Хамикоев  и Халил Зубаиров, ќе мора да се платат, но до Олимпијада 2016 година“, вели Николовски.

Според Николовски, таа обврска за решавање на долгот си ја презел Тупурковски, како претседател на МОК.

Не знам зошто е писмото испратено, бидејќи Тупурковски разговараше за таа тема, а баравме и Дејан Богданов да настапува на Светското првенство. Но, поради овие случувања се се запостави. Ние договоривме и средба по СП, која ја направи претседателот на МОК“, тврди претседателот на ФБСМ.

Николовски истакнува дека денес, преку други луѓе дознал оти е пуштена порака дека мора да се плати престојот во Лас Вегас и авионските карти, кои веќе се купени.

За престојот треба да платиме за седум луѓе околу 7-8.000 евра. Мене ми треба писмо и печат, канцеларијата е затворена, а генералниот секретар го нема, се крие. Истиот тој, вади остваки од пред две години и кажува дека ништо не знае и дека во ниошто не е замешан, а со печатот треба јас да располагам, не тој. Немал првао да ми го даде. Тоа е злоупотреба, за која се добива отказ од работа“, категоричен е Николовски, додавајќи дека канцеларијата не мсее да биде затворено, посочувајќи дека нема печат за да верифицира некои документи за подготовки во Бугарија, а, ниту, пак, за закажување на вонредното Собрание. Смета дека тоа е класична злоупотреба.

Cedo i Cifligaenc

„Тие се свесни дека јас си заминувам, туку сакам тоа да го напрвам на најкултурен начин и најуспешниот претседдател да дојде на најлегално и најклутурно, без ниту една дамка. Затоа што тој го заслужува тоа. Беше голем, најголем и најуспешен претседател. Со Бучим Јака беше европски и светски првак, за кој клуб се борев и јас. Тој е најголем петседател“, тврди Николовски, кој вели:

„Ние вчера бевме на состанок, а и денес. И тој не сака да дојде на некултурен начин. Нема да правам опструкции, туку, како ќе функционира Федерацијата тие 3-4 дена. Прво АСМ треба да го верфицира мандатот. Треба промена на потпис во Централен регистар. Сето тоа ќе се заврши најверојатно во понеделник, а се во врска со репрезентацијата требада се реализира до петок. Како ќе се направи тоа во тој вакуум период? Прашањето е кој ќе потпишува? Ако јас го направам тоа, тогаш тоа ќе биде криминал. Сакав најкултурно да им се обртам на делгатите и да му посакам добредојде на новиот претседател Чифлиганец“.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО