Голема вест за граплингот: Џу-џицу се подготвува за Олимписките игри 2024 година!

Познатиот портал за граплинг со Flograppling.com, соопштува одлична вести за сите љубители на граплингот.

Информацијата, која прв ја објави познатиот БЏЏ коментатор Мохамед Ал Хусани, вели претседателот на Меѓународната џиу џица федерација и наложила на националните организации да подготват документи за Меѓународниот олимписки комитет во кој се наведени и објаснети сите се направени подготовки за да може овој спорт да учествува во Олимписките игри 2024 година.

Нагласуваме дека се работи џу-џицу, а не бразилската џиу-џица. Меѓународната џу џицу федерација е формирана во 1977 година и е надлежна за три различни боречки дисциплини: „Борбен систем”, „Дуо систем“ и „Наваза џу-џицу” (“Fighting system”, “Duo system” i “Nawaza ju-jitsu”) – која JIIF ја препознава и како бразилска џиу-џица.

Имено, „Неваза џу-џицу” спрема стилот и правилата речиси е идентично со џиу-џицу. Мечевите трајат 6 минути, а бодовите се добиваат се врз основа на уривање и контрола на позициите, а натпреварите се завршуваат со гушење и лостови. Големата разлика е таа што натпреварувачите се поделени исклучиво спрема тежински категории, а не спрема бојата на појасот. На Светските игри 2017, каде што џу-џицу беше еден од спортовите, учесниците беа поделени во следниве категории … мажи: -62 кг, -69 кг, -77 кг, -85 кг, -94кг, + 94 кг, отворена категорија и жени: – 55 кг, отворена категорија.

Сепак, аналитичарите проценуваат дека 2024 година малку е нереална како година во која џу-џицуто би  можело да биде полноправен спорт на Олимписките игри, кои се одржуваат во Париз. Но самиот факт што националните организации се подготвуваат за такво нешто, укажува дека се приближуваат таквите времиња.

И понатаму проблемот се националната џу –џиту организации, кои се уште се во форма на здруженија или приватни компании, а не се дел од националните олимписки комитети, како државно оформени тела. Токму во овој технички дел треба да најмногу да се работа за џу-џицу навистина наскоро да стигне до Олимписките игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО