Голема кик бокс експедиција отпатува на Европскиот куп „Србија опен“

Денес Македонската кик бокс маи таи федерација отпатува за Белград на Европскиот куп „Србија опен“ кој се одржува од 31 март до 2 април.

Нашата репрезентација е составена од 117 членови, 90 натпреварувачи и 27 тренери. Репрезентацијата ја предводи претседателот Дејан Митровски-Урко.

„Ваквите европски и светски купови се посетени од многу борци од европските земји и се добар тест да видиме до кај се подготвени нашите натпреварувачи, каде што стекнуваат нови искуства и рутина борејќи се со искусни борци“, изјави Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО