Џошуа е речиси десет килограми потежок од Френклин пред саботниот спектакл во Лондон

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа се враќа во рингот во сабота по двата порази од Усик.

Противник на британскиот боксер ќе биде Американецот Џермејн Френклин, а нивната борба ќе го предводи настанот во лондонската О2 арена.

Џошуа го чека многу тежок меч во кој сака да си ја врати самодовербата за продолжување на кариерата. Но, неговиот противник нема да биде воопшто лесен.

Имено, Френклин во ноември минатата година боксираше против Дилиен Вајт, кој победи со мнозинска одлука на судиите.

Американецот покажа цврстина и одлучност, а на крајот одлучија нијансите. Некои тврдеа дека Џермејн бил подобар на тој меч, тоа е негов прв пораз во кариерата.

Во петокот се одржа мерењето, а Џошуа се појави со 115,8 килограми, што е пет килограми повеќе отколку против Усик.

Вагата на Френклин покажа 106 килограми, што е помала тежина отколку што имаше против Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО