Еди Шерифовски настапува на Гранд слем Анталија 2023

На овогодиншниот Гранд слем Анталија 2023 кој се одржува во периодот 31.03.2023 – 02.04.2023 во Анталија – Турција, учествуваат вкупно 600 натпреварувачи од 5 континенти и 83 земји учеснички, а меѓу учесниците е и нашиот репрезентативец Еди Шерифовски придружуван од тренерот Горан Мицкоски.

Категоријата до -81кг каде што настапува Еди Шерифовски на програмата е во сабота со почеток во 08.00 чсот по локално време.

Гранд слемот во Анталија е во програмата за собирање на поени за остварување на олимписка норма за учество на ЛОИ Париз 2024.

Инаку, на турнирот ќе настапат 600 натпреварувачи од 37 држави, 337 во машка и 263 во женска конкуренција.

„На овој натпревар од највисок ранг, целта е да одиме едно скалило погоре во сениорските настапи, во првото коло Шерифовски се сретнува со Гил Агустин од Аргентина). Да му посакаме успех на нашиот член и репрезентативец“, велат од нашиот табор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО