Гохан Саки пред дебито во УФЦ: Повторно чувствувам глад за победи, луѓето ќе бидат во шок од она што ќе го видат

Гохан Саки ќе го направи своето долго очекувано деби во УФЦ овој викенд против Енрике да Силва во Саитама арена во Јапонија.

Зошто по неколку години во кик боксот поранешниот шампион на Глори одлучи да се посвети на ММА? И зошто токму во УФЦ?

„Ако пред 10 години ме прашавте зошто не се натпреварувам во ММА, ќе ви кажев дека не ми беше времето. Се уште бев гладен за победи во кикбоксот. Тогаш таму имаше големи предизвици – нешто што не сум го имал две години во кикбосот. Зошто престнав? Бидејќи не чувствував глад да тренирам и да се борам – ги немаше борците како во К-1. Затоа пузирав две години“.

Во 2015 година на Саки му беше одземена титулата на Глори поради неактивност, односно немање наборби. Според него, тој чекал да му се реваншира на Рико Верховен, кој не бил организиран. Тоа го поттикнало да се бори во ММА. И подобро се плаќало.

„Пред една година имав празнина во моето срце. Се борев 20 години, освоив титулата и престанав. Бев млад. Точно, не требаше сега да престанам, зашто имав 30 години и шампион, но не бранев титулата поради проблеми со организацијата.

Застанав две години, почувствував празнина и се вратив на поголема сцена во најголемата организација во светот, УФЦ, со многу предизвици за мене. Повторно сум гладен, време е да отворам нова страница во мојата кариера“.

До сега Саки има само еден меч според правилата на ММА – пораз од Џејмс Жикиќ во 2004 година. Сепак, борецот е возбуден од дебито и ветува успех и спектакл што навивачите на спортот го немат видено.

„За секој дуел имам поинаква стратегија. Тренирам 20 различни системи. Затоа стилот ми е толку посебен. Експлозивен. Тврд. Тоа сакаат да го гледаат луѓето. Сигурен сум дека не виделе такво нешто – ќе бидат во шок“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО