Гого Славески со нова победа во САД, а светскиот шампион Дејвид Дијаз му честиташе! (ФОТО)

Славевски и светскиот шампион Дејвид Дијаз
Славевски и светскиот шампион Дејвид Дијаз

Гого Славевски, кој боксерската кариера ја гради во САД,извојува уште една победа, но овој пат таа беше наменета за добротворна организација, а е организирана од страна на главниот тренер на бејзбол клубот „Кубс“.

Gogo so nova pobeda

„Тоа беше приватен настан и не пуштаа никој од страна да влезе, дури ни најблиските на боксерите. Гостуваа повеќе телевизии и имаше директрн пренос, како и снимки на дел од борбите,. Специјален гостин беше светскиот шампион во ВБЦ,  Дејвид Дијаз, кој по борбата дојде и ми честиташе, при што ми даде неколку совети околу мојот стил на боксирање.

Се уште се борам аматерски, но кога станува збор за вакви организации, воопшто не ми смета“, истакнува Славески.

Неговата биографија ја дал телевизијата Шоутајм, која е истакнат медиум во светот на боксот, а беше инволвирана и во „борбата на векот“.

Slavevski so protivnikot

„Противникот не го знаев, но беше подготвен и пружи добра борба. Мечот го добив на поени, иако во првата рунда тој се најде во нокдаун. Борбата беше во три рунди“.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО