Гого Славески мора да паузира еден месец поради фрактура на раката

Gogo Slaveski so nagrada

Македонскиот професионален боксер во САД, Горјан –Гого Славески, ќе мора да паузира од тренинзи најмалку еден месец поради фрактура на раката.

„Од септември, по мојата предпоследна аматерска борба, го одлагав слиакњето на раката, но на неодамнешната професионална борба, додека докторот ми ги симнуваше завоите забележа дека не можам да ја мрдам. Веднаш ми закажа сликање. Скршена и до наредните слики, најверојатно еден месец сум суспендиран“, изјави Славески за Ipon.mk.

Борбата на Гого се одржа на 29 јануари против Роберт Гуреро во четири рунди, која ја доби на поени со едногласна одлука на судиите 40-60. Тие се сретнаа во малото место Елк Грув вилиџ, во државата Илиноис, во хотелот Белведере.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО