Еди Алварез знае лесна тактика за да се победи Мек Грегор

Konor Mek gregor vika

Конор Мек Грегор остави многу фанови со прстот во уста, борци и тренери. Но, Еди Алварез, тврди дека на многу едноставен начин Ирецот може да претрпи пораз.

Мек Грегор во моментов се подготвува за борбата во лесна категорија против шампионот Рафаел дош Ањош на УФЦ 196.

Алварез кажа дел од едноставна стратегија која може да го скрши „Д’Ноториус“.

„Според мене, РДА може да победи многу лесно, но треба во својата стратегија малку борбата да ја насочи на партер. Ако не го направи тоа, може да биде нокаутиран како сите други противници на Конор. Не треба да дозволи борбата да помине во стоење.

Има многу лесен начин Конор да биде поразен, но никој не го прави. Навистина е многу чудно зошто.

Но на овој начин, тој ќе биде смешен. Ќе биде прилично срамно. Сите во публиката ќе се прашуваат: Тој ли беше? Зошто никој друг претходно не го правел тоа? Многу луѓе ќе останат изненадени. Јас така мислам. Уште не сме го виделе како се справува во таква ситуација“.

Ако Мек Грегор успее да забележи победа над Дош Ањош на 5 март, тогаш Алварез може да биде во позиција да го спроведе својот „лесен“ план за победа над Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО