Гого Славески: Мое е да имам атрактивен стил и да победувам, другото ќе дојде набрзо!

„Противникот не беше за потценување. Очекував сосема поинаква борба. Беше доста искусен и имаше доста добро движење (бегање) што не ми даваше шанса да сврзам каква било комбинација, а кога затворав агол ме гушкаше, доби дури и казнен поен за тоа во втората рунда“, вели по третата професионална победа за Ipon.mk, Горјан-Гого Славески.

Да потсетиме дека завчера во Роузмонт во Илиноис го победи Емануел Санчез зо едноглоасна одлука на судиите во четири рунди.

Славески истакнува дека наредната борба може да биде на 27 октомври, но се зависи од тоа како ќе закрепнува раката (овој пат десната) и се надева дека не е скршена.

https://youtu.be/mMCvElSUgns

По победата над Санчез изјави „Одиме на светската титула“.

„Светска титула не зависи од мене. Промотерите и боксерската политика се специфични, мое е да имам атрактивен стил и да победувам, другото ќе дојде набрзо. Се надевам штом ќе направам 10-тина борби“, нагласува Славески.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО