Чаир води во Првата лига, а Баргала и Пинк Пантер во Младинската

По првото одржано коло во Штип на Првата боксреска лига води екипата на Чаир со 7 бодови,пред екипите на Пинк Пантер и Аперкат со 4 бода, додека во Младинската лига на првата позиција ја делат штипските клубови Баргала и Пинк Пантер со 13 бода, а потоа следат Чаир со 9, Ас 6 итн,откако Боксерската федерација на Македонија излезе со официјалните резултати.

Супервизорот Душко Сачкарски во извештајот забележува дека при проверката на натпреварувачки книшки во книшката на Алимир Нуришов е утврдено еден преглед е од 2016 година, додека останатите прегледи се од 2017 година. Во консултација меѓу лекарот и супревизорот прегледот е прифатен како грешка.

По завршувањето на мерењето од страна на преставниците на клубовите немало забелешка на лекарските прегледи и мерењето.

Поради бојкот од страна на Судиската комисија при Боксерската федерација на Македонија (БФМ), за неплатени заостанати сметки, Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија донел одлука да се ангажираат судии од Србија. Главен Судија Небојша Живановиќ, судии – Андреја Јанковиќ, Владан Петровиќ и Иван Стојадиновиќ. Судиите добро си ја завршија работата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО