Годишен Самит на спортските новинари од ЈИЕ во Скопје: Се разговараше за безбедноста на спортските натпревари, новиот закон за спорт, работа со младите категории

Безбедноста на спортските натпревари, новиот закон за спорт, работа со младите категории, како и странските искуства беа меѓу темите на кои разговараа спортските новинари од Југоисточна Европа (ЈИЕ) на годишниот Самит одржан денеска во македонското Собрание.

На собирот во Скопје присуствуваа и звучни имиња на македонскиот и балканскиот спорт кои беа наградени со признанија за својот придонес и постигнати резултати.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на македонската легенда во маратонско пливање, 84-годишниот Дики Бојаџи свечено му додели награда за заслуги во спортот. Од своја страна, претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски на првиот човек на Олимпискиот комитет на Србија (ОКС) и легендарен кошаркарски тренер Божидар Маљковиќ му го додели високото признание на МОК, „Златна Олимпија“ за личниот придонес во развојот на олимпизмот и спортот.

„МОК и ОКС имаат долгогодишна блиска соработка, која е интензивирана во пресрет на Олимписките игри 2024 во Париз“, соопшти МОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО