ИОК дозволи настап на руски и белоруски спортисти на ОИ во Париз 2024!

Извршниот комитет на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), одлучи да дозволи настап на руски и белоруски спортисти на Летните олимписки игри во Париз 2024 година, но под одредени услови.

Русите и Белорусите ќе смеат да учествуваат само во поединечни спортови, и како неутралци, без знаме и химна на своите земји, и плус тоа, да не биле учесници во војната и да не давале изјави со поддршка на воената агресија врз Украина.

Во моментов, само 11 спортисти од овие две земји имаат обезбедно олимписки норми за Париз.

Од Министерството за млади и спорт на Украина оваа одлука ја нарекоа неодговорна, и најавија дека во наредниот период, по консултации со спортистите и политичките власти во Украина ќе одлучат дали ќе се појават на ЛОИ во Париз. Засега 60 украински спортисти имаат олимписки норми за Игрите во Париз кои ќе се одржат од 26-ти јули до 11-ти август следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО