Рафаел Физиев (12-1) уште еднаш покажа дека е подготвен да се бори против најдобрите борци во лесна категорија.
На настанот УФЦ на ЕСПН 39 во Лас Вегас, Азербејџанецот со нокаут во петтата рунда го победи поранешниот шампион Рафаел дос Анчос (31-14) и со тоа стигна до својата шеста победа во низа.
Двајцата го започнаа мечот многу агресивно, си разменија многу силни удари. На крајот од првата рунда до израз дојде брзината на Физиев, со која спои неколку одлични удари пред звукот сирената.
Во продолжение и двајцата зададоа по неколку удари, а потоа Физиев со прст во око го удри Дош Анчос, па мечот за момент беше прекинат.
Азербејџанецот продолжи да забрзува и да притиска, а како одминуваше времето добиваше се поголема самодоверба. Бразилскиот борец бараше клинч, но Физиев секој пат добро се бранеше.
Во вториот дел од мечот Дос Анчос даваше се од себе да создаде прилики за напад, но Физиев одржуваше висок ритам и успешно го одбрани секој обид на противникот.
Физиев на почетокот на петтата рунда го удри Дош Анчос со прекрасно лево кроше кој заврши на грбот.
Азербејџанецот се затрча напред и зададе уште неколку удари на подот, принудувајќи го судијата Марк Смит да ја прекине борбата по само 18 секунди од последната рунда.
„Сега знаеме кој е најдобриот Рафаел“, рече Физиев, кој пред мечот беше десетопласиран меѓу предизвикувачите во лесна категорија и рече:
„Дајте ми некој од првите пет! Подготвен сум“.
Во конасловната борба Бразилецот Каијо Бораљо го победи Ерменецот Армен Петросјан со едногласна одлука на судиите.
Резултати од УФЦ на ЕСПН 39:
Рафаел Физиев – Рафаел дос Анчос – КО, Р5 (0:18)
Каијо Бораљо – Армен Петросјан – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Саид Нурмагомедов – Даглас Силва де Андраде – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Чејс Шерман – Џаред Вандера – КО, Р3 (3:10)
Ајман Захаби – Рики Турсиос – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Џејми Маларки – Мајкл Џонсон – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Воведни борби:
Коди Брундејџ – Тресеан Гор – КО, Р1 (3:50)
Антонина Шевченко – Кортни Кејси – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Дејвид Онама – Гарет Армфилд – тех. завр. (рачен триаголник гушење), Р2 (3:13)
Кенеди Нзечукву – Карл Роберсон – TKO. Р3 (2:19)
Саидјокуб Какрамонов – Рони Лоренс – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27).
View this post on Instagram
View this post on Instagram