Глори доведе двајца Тајлнаѓани (ВИДЕО)

thong chaisits

Глори ги засили своите редови со потпишување на договор со четири борци.

Двајца доаѓаат од Тајланд. Станува збор за шампионот на ВМЦ (Светскиот мај тај совет) и поранешниот шампион на Лумпини стадионот.

20-годишниот Тонгчаи доаѓа од познатиот Ситсонгпеенонг камп во Бангкок, чиј член е и актуелен шампион на Глори до 70 килограми, Ститичаи.

Тој ќе се бори во категоријата до 77 килограми.

Се бори од 11 години, а со само 17 години стана шампион на Лумпини во категоријата до 66,7 килограми.

https://youtu.be/7r5-b22Uf9E

Другиот Тајланѓанец е Печпаномрунг Киатмо. Со вистинското име Пансанг Аимсири доаѓа од екипата Киатмоо 9. Тој поранешен шампион на ВМЦ и во Глори ќе се бори перолесна категорија.

Останатите засилувања се Швеѓанецот Еквал Адел Халил, кој, исто така, ќе настапува во категоријата до 65 килограми, како и рускиот велтераш Константин Кузин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО