Бадр Хари може и да ги губи последните средби, но Глори се уште стои зад него. Најголемата кик бокс организација во светот не мисли да се раздели со него, токму спротивното. Кај нив не победил, но покажа дека се уште може.
Крајно лоша среќа го следи „Лошото момче“ од Мароко. Во секоја битка во Глори тој водеше во картичките на судиите, но секогаш се случуваше нешто непредвидено и тоа доведуваше до пораз. Хари е еден од ретките што двапати го собори Рико Верховен.
Го собори и Бенјамин Адегбај. Во неговата последна битка, Хари го испрати Вжосек на земја три пати, но сепак загуби. Сепак, ова нема да го спречи и тој е категоричен дека ќе се врати.
„Бадр Хари докажа дека се уште е еден од најопасните во тешка категорија. Потрагата на Хари за титулата во тешка категорија продолжува“, напишаа од Глори на Инстаграм за Хари.