Долгоочекуваниот Глори 19, што требаше да се одржи на 19 декември, ќе биде одложен за февруари. Во кик бокс трката, по трет пат требаше да се сретнат шампионот во тешка категорија Рико Верхојвен и Ерол Цимерман.
Претседателот на организацијата, Џон Фернклин, ја потврди оваа вест.
„Очигледно е дека сум разочаран, бидејќи го одложивме турнирот. Но, ќе бидам уште повеќе разочаран, ако ја организираме трката, а тоа нема да одговора на стандардите на Глори. Во 2015 година ќе го пропуштиме јануари и ќе се вратиме во телевизиската мрежа на Спајк ТВ. Турнирот Глори се поместува за 19 февруари, кога шампионот во тешка категорија, Рико Верхојвен, ќе одговори на предизвикот на Ерол Цимерман. Штом ќе ги обезбедиме сите средби за 19 февруари, јавно ќе ги објавиме“.