Гласков ќе се сретне со слаб противник

Glaskov

Кандидат број еден за титулата на Меѓународната боксерска федерација во тешка категорија, Вјачеслав Гласков, ќе ја продолжи својата кариера на 15 август.

Непоразениот Украинец ќе има просечен ривал. Тој ќе се бори со Картсен Мансуел (24 победи, 18 со нокаут и 11 порази) од Тринидад и Тобаго на галавечер во Русија.

Гласков ќе има можност да се сретне светскиот шампион Владимир Кличко. Ова може да се случи во почетокот на 2016 година, ако пред тоа, сегашниот крал во тешка категорија, го совлада Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО